Поврзи се

4NEWS.mk

Корона кризата ги затвори границите, тезгите во Ново Село останаа полни

Published

on

Покрај здравствените, граѓаните секојдневно ги чувствуваат и економските последици од пандемијата со корона вирусот. Едни од најпогодените со корона кризата се пограничните региони. Меѓу првите  последиците од спуштените рампи на граничните премини  ги почувствува општина Ново Село која важи за шопинг дестинација на бугарските државјани од пограничните места. До пред седум месеци тие секојдневно доаѓаа тука, индивидуално, но и во организирани групи со автобуси. Ги посетуваа маркетите, пазарот, но и угостителските објекти.Граѓаните на Ново Село, но и пазарџиите велат дека прометот кај одредени производи паднал и за околу 80%.

-Текстот продолжува по рекламата-

Дека појавата на корона вирусот сериозно се почувствува и врз економијата во пограничните региони потврдуваат и од општина Ново Село. Градоначалникот Никола Андонов вели ова посебно било изразено во последните три до четири месеци, а прометот се намален за околу 40%. Дополнително влијание во овој негативен тренд имало и отсутвото на македонските иселеници кои поради целата ситуација годинава не дојдоа во родниот крај.

,,Ново Село е една од пограничните општини која имаше доста влијание на фрекфенцијата со границата. Еве сега можам да кажам дека овие три до четири месеци се чувствува многу. Можам да кажам дека прометот и движењето е намалено за околу 40%. Имавме доста посета како во туризмот, така и по пазарите во општина Ново Село од страна на бугарски граѓани. Исто така многу голем хендикеп ни е и тоа што поради пандемијата не дојдоа и нашите иселеници од странство,, – вели Никола Андонов Градоначалник на општина Ново Село. 

Loading...

Оваа година, единствената светла точка за економијата во оваа мала општина бил зголемениот број на домашни туристи кои ги посетиле популарните водопади во Смоларе и Колешино, како и Мокринските извори. Но како што велат од општината, вкупната бројка на туристи што ги имале ова лето не може да се спореди во однос на минатите години.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 

Извор: Сител телевизија

Loading...

Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

АХВ го достави Досието до ОИЕ за добивање статус – земја слободна од класична свинска чума

Македонија

Средношколци во Тетово ја бојкотираа наставата од далечина, сакаат да одат во училиштата

4NEWS.mk

Влез во Словенија за македонски државјани со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа

Македонија

Филипче-Брнз: САД е наш стратешки партнер во јакнење на здравствениот систем

4NEWS.mk

Дводневен вонреден Самит во Брисел

Македонија

Седумнаесет годишник од Гостивар плаќал со фалсификувани евра

4NEWS.mk

Следните два дена стабилно време, а од недела услови за дожд и грмежи

Македонија

Во општина Гостивар сите училишта започна со работа, на прв час 660 првачиња

4NEWS.mk

Дебарските гимназијалци го бојкотираа првиот училишен ден, утре ќе протестираат

Македонија

Дебарските гимназијалци го бојкотираа првиот училишен ден, утре ќе протестираат

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com