Луѓето кои сакаат да заработуваат со копање криптовалути, потребната струја да ја купуваат на слободен пазар, или пак таа да чини повеќе ако се користи за создавање виртуелни банкноти. Ова е еден од предлозите за решавање на проблемот со нелегална кражба на струја за криптовалути кој го предлагаат ЛДП и ДОМ. Велат во ек на енергетска криза, недозволено е да се троши струја за лично богатење.
Во меѓувреме, експертите велат дека скапиот начин на создавање криптовалути може да стане минато. Во светот зачестило т.н рударење на нови банкноти за кои не е потребна скапа компјутерска опрема ниту огромни количини струја. Потрошувачката на енергија била на нивото потребно за полнење на мобилен телефон.
Формирањето на криптовалута која моментално има вредност од неколку десетици илјади американски долари, зависи од моќноста на опремата и нејзиниот работен период. Процесот е долг.
Професорот Јовевски појаснува дека во земјавата најзастапен е поскапиот начин на копање криптовалути кој троши повеќе струја за што сведочеле и случаите каде во држвни претпријатија е пронајдена опрема со цел да се одбегне плаќање на потрошената енергија. Дека во подем е т.н рударење, доказ бил недостигот од компјутерски делови кои служат за формирање на виртуелната банкнота.
Сител ТВ