Поврзи се

4NEWS.mk

„Легнаа“ првите пари од повратот на ДДВ – фијаско или успех?

Published

on

Ден откако државата започна да враќа кај граѓаните дел од платениот ДДВ, власта и опозицијата со различни ставови за успешноста на проектот. Додека од СДСМ се задоволни бидејќи според нив мерката дава резултат во справувањето со сивата економија, според опозицијата проектот доживеал фијаско.

-Текстот продолжува по рекламата-

Вчера на сметките кај повеќе од 16.000 граѓани легнаа пари од оваа мерка, останатите 150.000 граѓани кои скенирале фискални сметки, поврат ќе добијат до крајот на идната работна недела. ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта дека кај граѓаните се враќа незначителен процент на пари, наспроти ветеното.

“Ветениот поврат на ДДВ заврши како фијаско. Наместо ветените 500 евра од поврат на ДДВ, граѓаните добиваат по 1.000 денари и тоа не сите, и тоа ќе го добијат помалку од 10% од потенцијалните корисници на оваа мерка на владата на СДСМ”, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За премиерот Заев секоја илјадарка е добредојдена.

“Граѓаните не само што станаа даночни инспектори и помагаат во сузбивање на сивата економија, туку гледаат и директен бенефит по нивниот џеб. Парите ќе легнат на личните сметки за прв пат оваа недела, но ќе продолжат во редовни интервали и во следната година. Ова е уште еден од начините како државата преку оваа Влада враќа парите назад кај граѓаните!”, напиша премиерот на својот официјален Фејсбук профил.

Од 15 декември ќе почне и наградната игра “Мој ДДВ-моја награда”, во која право на учество ќе имаат само полнолетни лица.

“Наградната игра е надоградување на проект кој што е веќе успешен. Зошто? Затоа што главната цел на проектот беше борба со сивата економија, да се ставаат граѓаните и во улога на контролори, да бараат фискални сметки и да пријавуваат кога ќе има нерегуларност. Тоа се случува бидејќи има зголемена наплата на ДДВ во првото тримесечје откако е почнат проектот Мој ДДВ”, изјави Нина Ангеловска, министерка за финансии.

Прв пат ваква наградна игра организираше Министерството за финансии кога министер беше Зоран Ставрески. Целта на тогашната “Фискална во рака-награда без мака” беше иста, да се намали сивата економија преку стимулирање на граѓаните секогаш да бараат фискални сметки. Тогаш се делеа станови и автомобили, а СДСМ сметаше дека проектот е лош.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 

Извор: Сител телевизија

Loading...
Совет за етика во медиуми

Македонија

🔴 [ВО ЖИВО] Изјава на Стево Пендаровски по средбата со Мицкоски

4NEWS.mk

Антивладини протести во Бугарија 36-ти ден по ред

Македонија

Заев и Ахмети со нова средба, напредок има, викендов преговорите продолжуваат на ниво на партиски секретари

4NEWS.mk

Во Драч ограбен македонски државјанин – украдени 6.000 франци и автомобил

Македонија

Пендаровски: Ако никој не формира Влада, а Собранието не се самораспушти Спасовски ќе биде четири години технички премиер

4NEWS.mk

Црна Гора: Уништени 60,4 тони оружје и муниција

Македонија

Пендаровски: Не му барав на Заев, но доколку го врати мандатот, нема гаранции да му барам ниту на Мицкоски за обезбедено мнозинство

4NEWS.mk

Земјотрес регистриран во пехчевското епицентрално подрачје

4NEWS.mk

Во Дебар двајца новозразени,само овој месец 25 лица

Македонија

🔴 [ВО ЖИВО] Изјава на Стево Пендаровски по средбата со Мицкоски

Македонија

„СДСМ, ДУИ, Беса и ДПА, завршена работа“ – Лала: Ахмети ќе попушти за премиер Албанец

Македонија

Алтернатива бара ДУИ да оди во опозиција – ако сите албански партии влезат во власта, Беса ќе оди во опозиција?!

4NEWS.mk

СДСМ и ДУИ заглавија на премиерската позиција, ВМРО-ДПМНЕ работи на обезбедување мнозинство

Македонија

Членовите на избирачките одбори ќе добијат за сто проценти повисок надоместок, одлучи ДИК

4NEWS.mk

Рудар од Танзанија стана милијардер преку ноќ

Македонија

Учебната година ќе почне на 1-ви септември – Адеми: Владата сака учениците да се вратат во училиште

4NEWS.mk

Настава во училиште од 1-ви септември, со поддршка од родителите и наставниот кадар

4NEWS.mk

25 годишник во повеќе наврати силувал 13-годишно девојче

4NEWS.mk

Утре Комисијата за заразни болести и МОН ќе прецизираат за учебната година

Македонија

Османи за ТВ21 по состанокот Ахмети – Заев: Официјално се разговара за заедничка коалиција

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“