Лига Европа: Пелистер игра тежок меч вечерва во Германија

Ракометарите на Е.Пелистер вечерва имаат тешко гостување во Лига Европа.  Германскиот Рајн Некар е домаќин на македонскиот тим кој ќе се обиде да изненади против големиот фаворит. Средбата се игра со почеток во 20.45ч.  Еден од главниот адути на битолчани е Томислав Кушан. Да ги слушнеме неговите очекувања: – „Натпреварот против Рајн Некар Левен сигурно е најтешко гостување. Се работи за најквалитетна екипа во натпреварувањето. Но, ќе играме на победа и ќе дадеме максимум, па што сака нека биде. Најголем квалитет им е полуконтра и контра, играат брз ракомет. Често комбинираат со пивотменот, нивниот среден бек е еден од најдобрите во светот, Енди Шмит. Тоа се нивните најсилни страни, кои ќе се обидеме да ги затвориме“, заврши Кушан. 

Фото за вовед: 
Видео: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното