Втор проект за „Black superman“ ќе биде во фаза на продукција на „Ворнер брос“, со Мајкл Б. Џордан.
Се работи за мини-серија.
Оваа верзија се темели на верзија според која Супермен е афроамериканец, по име Вал-Зод, кој потекнува од планетата Криптон.
Исто како и оригиналниот стрип-суперхерој, по смртта на неговите родители тој е испратен на Земјата и ја презема наметката на Супермен.
„ХБО макс“ има и други проекти засновани на „ДЦ комикс“ меѓу кои има и одгранок-продолженија на „Одредот на отпишаните“ и „Бетмен“, како и серијата „Зелениот фенер“.
Освен тоа, компанијата ги презеде и сериите „Титани“, „Харли Квин“ и „Патрола на проколнатите“.