Македонските кошаркарки со тесна победа над Данска во стартот на квалификациите за Евробаскет

Македонските кошаркарки остварија тесна победа во првиот натпревар од квалификациите за Евробаскет, совладувајќи ја Данска во Скопје со 79:78 (18:21; 21:19; 19:18; 21:20).

Во изедначен дуел, избраничките на селекторот Александар Ашаданов покажаа карактер и упорност. Првата четвртина заврши со водство на Данска 21:18, по серија од 8-0, иако македонските кошаркарки започнаа со 18:13. Данската репрезентација стигна и до девет поени предност (29:20), но македонскиот тим се врати до водство пред полувремето. Во третиот период двете селекции постојано се менуваа во предноста, додека во последниот квартал македонскиот национален тим ја одржа предноста до самата завршница.

Најефикасна во македонската репрезентација беше Мерит Хемпе со 25 поени, додека кај Данска Фрида Форман постигна 18 поени.

Следниот натпревар македонските кошаркарки ќе го играат на домашен терен против Грција, во сабота во СРЦ „Кале“ со почеток во 18:00 часот.