Поврзи се

4NEWS.mk

Македонските средношколци ги подобрија резултатите на листата на ПИСА

Published

on

Една позиција напред за македонските средношколци на најголемото светско меѓународно тестирање во образованието. Организацијата за економска соработка и развој денеска ги објави резултатите од ПИСА тестот, на кој беа проценувани знаењата на 15-годишните ученици за наука, математика и писменост.

-Текстот продолжува по рекламата-

Македонските ученици се најдоа на 67-то место во рангот од 79 земји. Од Министерството за образование велат дека се задоволни од резултатите. Македонија е меѓу земјите со најголем напредок, споредено со минатото рангирање пред три години.

“Ова е значителен напредок, споредено со 2015, по сите области. Македонија оствари најголем скок. Втора земја по скокот реализиран, по читање сме први, во математика сме трети, по наука сме втори. По скокот направен. Ова е одличен показател дека се движиме во правилна насока” 

Според Адеми, подобрувањето се должи на новите образовни политики. Иако во регионот послаб резултат од нашите ученици покажале само оние од Косово, министерот вели дека сега е најважно што сме се отргнале од дното.

Од земјите во регионот, на ПИСА тестирањето најдобро рангирана е Словенија на 21-то место. Највисоко рангирани и оваа година се азиските земји. Најдобро оценетите средношколци се во Кина, Сингапур и во Макао.

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com