Мицкоски за Коцевски: „Почекајте и ќе видите“

Премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање за иднината на државниот јавен обвинител Коцевски и за тоа дали Владата ќе ја продолжи постапката за негово разрешување, кусо одговори: „Што се однесува до Коцевски, почекајте и ќе видите.“

Да потсетиме, Владата на почетокот на годината иницираше постапка за разрешување на Коцевски, но таа беше привремено прекината по трагичниот пожар во кочанското ноќно заведување „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Тогаш Мицкоски изјави дека, поради трагедијата, постапката треба да остане во фазата во која се наоѓа, за да му се овозможи на обвинителскиот тим целосно да се посвети на истрагата.

На 29 јули годинава, Собранието со 71 глас „за“ ја изгласа интерпелацијата на државниот јавен обвинител, поднесена од опозициската партија Левица.