Познатата пејачка Бијонсе се појави на насловната страница на новиот број на списанието „Харперс Базар“, а во интервјуто таа разговараше и за враќањето на сцената и за добротворната организација.
„Благодарна сум што можам да изберам што ќе работам. Сакам фокусот на мојата работа да биде на музиката, бидејќи мислам дека можам да инспирирам многу луѓе. Во студио сум веќе една и пол година, музиката е мојата страст и наскоро ќе објавам нови песни“, вели таа.
Инаку, Бијонсе е позната и по тоа што се бори за правата на Афроамериканците, односно се залага за нивно образование. Таа преку хуманитарната организација „Биј-гуд“, обезбедува помош за оние кои ги изгубиле своите домови во природни непогоди, а исто така е и членка на „Парквуд ентертејмент“, чија цел е промоција на нови генерации уметници.
„Го основав „Биј-гуд“ во 2013 година. Јас и моите соработници им помагаме на луѓето што останаа без ништо од ураганите, даваме стипендии за универзитети низ Соединетите Американски Држави и Африка, се бориме за женските права, поддржуваме мали бизниси и многу повеќе“, посочи Бијонсе.
Таа вели дека нема потреба да се враќа назад во времето.
„Помладата верзија од мене не може да се спореди со сегашната Бијонсе!“, нагласи таа.