Поврзи се

4NEWS.mk

Мустафа: Конечен договор меѓу Косово и Србија не може да има без Вашингтон на маса

Published

on

Лидерот на владејачкиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа вели дека без активно учество на Соединетите Американски Држави во процесот на дијалог меѓу Косово и Србија не може да се очекува да се постигне конечен договор за решавање на споровите меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

-Текстот продолжува по рекламата-

Мустафа за порталот „Газета експрес“ изјави дека дијалогот што се одвива во Брисел со посредство на Европска Унија е политички и, иако него моментно го води националниот координатор Скендер Хисени, тој секако не е сведен на техничко ниво.

Лидерот на ЛДК и поранешен премиер очекува дека во процесот на изнаоѓање решение за споровите со Белград, актуелната косовска Влада, предводена од неговиот сопартиец Авдулах Хоти, ќе се консултира и ќе обезбеди согласност од сите домашни фактори – од претседателот на државата, Хашим Тачи, од партиите во владината коалиција, како и од опозицијата.

Мустафа нагласи дека водечката улога во дијалогот со Србија му припаѓа единствено на премиерот Хоти и на никој друг.

– Никој не може да го замени и да му ја одземе улогата на премиерот во дијалогот. Меѓутоа, невозможно е премиерот да разговара за сите работи и во сите фази. Дијалогот е политички и темите кои се дискутираат на ниво на државни координатори се политички, а не технички, вели Мустафа.

Во врска со посетата што деновиве ја имаше во Вашингтон координаторот за дијалогот со Белград, Хисени, Мустафа нагласи дека Косово очекува од САД да бидат активно присутни на преговарачката маса.

– Што се однесува до САД, јас го делам мислењето дека нема договор без нивно активно учество во овој процес. Не само што Косово ќе се консултира тесно со САД, туку очекува тие да бидат на преговарачката маса. Затоа ја ценам поканата од Стејт департментот за господинот Хисени и неговата посета на Вашингтон, изјави Мустафа. 

Извор: Сител телевизија

Loading...
Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

Реакција на генералниот секретар на Илинденскиот марш за инцидентот кај Гумење

Македонија

СДСМ-ДУИ, прва опција за нова Влада!? Божиновски: Проширена коалиција меѓу сите политички субјекти

Македонија

Учениците од септември се враќаат во клупите, со маски на лицата и социјална дистанца, часот ќе трае 20 минути

Македонија

Ќе заѕвони ли училишното ѕвонче? Неделков од СОНК: Вирусот е како атомска бомба за училиштето

Македонија

Акција на ИНТЕРПОЛ: Обид за внес на отровна храна во Македонија – запленето пилешко месо со птичји грип

Македонија

Владата објави нов, ажуриран список на компании кои добиле помош, а не ја исплатиле на работниците

Македонија

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ да молчат за енергетиката, во нивно време струјата поскапе 100% и беше укината евтината тарифа

Македонија

Кадриу: „Премиерот нѐ нарече криминалци“ – Спасовски ги отфрли тврдењата на обвинителката

Македонија

Се заострува „битката“ за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски се извини за политиките на дел од претходното раководство

Македонија

Полицијата во Синичане по изјавата на Џемаили – Агим Нухиу открива што изјавил градоначалникот на Боговиње во полиција

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри