МВР: Во петок ќе се уништуваат гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров

Министерството за внатрешни работи информира дека во петок, на 14.11.2025, во 07:00 часот, во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров ќе се врши уништување на гранати.

Според стручна анализа, гранатите не можат да се транспортираат надвор од полицискиот центар, поради што ќе бидат уништени на лице место, соопштуваат од МВР.

Од Министерството истакнуваат дека постапката ќе се спроведе во согласност со сите предвидени безбедносни стандарди за вакви операции.