Кривична пријава за саботажа, злоупотреба на службена положба и овластување, оддавање на службена тајна, лажно пријавување на кривично дело и помагање е поднесена против директорот на АНБ, Бојан Христовски, како и десетина други Н.Н лица вработени во Агенцијата за национална безбедност, објави Инфомакс.
Според текстот на пријавата пријавените наводно оддале службени тајни, неовластено имале пристап до податоци и свесно извршувале кривични дела, а откриени биле и идентитети на вработени во АНБ.