Поврзи се

4NEWS.mk

На три месеци се одложува наплатата на кредитите

Published

on

Додека  Народни банки во регионот на минимум 3 месеци ги замрзнаа ратите на кредитите за сите граѓани и фирми, нашата Народна банка само со препорака – секоја банка да одлучува посебно, за секој клиент. Само граѓаните и фирмите кои ќе имаат проблем со плаќањето можат да побараат мораториум на плаќањето рати, но банката ќе одлучи дали ќе им го дозволи тоа.. По цел ден заседавање, Советот на Народната банка со препорака – за пребродување на кризниот период, лицата можат да бараат одлагање на плаќањето рати за кредит,  пролонгирање на рокот на достасување, пониска камата или одобрување нов поповолен кредит. Сепак, деловната банка ќе го има крајниот збор, врз основа на кредитното портфолио на клиентот. Ова значи дека ако банката процени, може и воопшто да не ги промени кредитните услови. Во соопштениетото на Народната банка се наведува и дека овие флексибилни услови им се достапни само на лицата и фирмите кои при отплатата  биле редовни, односно немале нефункционални кредити.

-Текстот продолжува по рекламата-

Бизнисот и граѓаните очекуваа  целосно замрзнување на плаќањето рати за кредит на 3 месеци, како што направија Народните банки во Црна Гора, Србија, Албанија, Австрија.  Велика Британија.  Словенија и Унгарија целосно ги замрзнаа плаќањата до крајот на годината, а Италија е првата земја која во целост ги одложи исплатите на кредитите додека не заврши корона кризата. Во моментов Хрватското здружение за банки заедно со Централата, размислува за воведување одложено плаќање на ратите, на најмалку 3 месеци.

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Loading...
Совет за етика во медиуми

Реклама
4NEWS.mk

Заев: Се преземаат најсоодветните економски мерки, согласно можностите – сите да бидеме солидарни

4NEWS.mk

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Заев

Македонија

Талески: Пресудата е резултат на политички прогон и монтиран политички процес против мене

4NEWS.mk

Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

4NEWS.mk

Србија/Ковид-19: Од сабота во 13 часот до понеделник во 05 забрана за движење во цела Србија

4NEWS.mk

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот е веќе над милион

4NEWS.mk

Негативен на Ковид-19 е резултатот на бебето родено на 30-ти март на ГАК од мајка позитивна на вирусот

Македонија

Лукаревска од УЈП во „Click Plus“ ги објаснува процедурите за користење на мерките на Владата

Македонија

Ангеловска: Се соочуваме со голем предизвик, ова претставува проблем за буџетот

Македонија

Продолжува репатријацијата на затекнатите граѓани во странство, уште еден чартер лет за Берлин и Бон

Реклама