Над 1600 набљудувачи и странски новинари ќе го следат вториот круг од локалните избори

Над 1600 набљудувачи и странски новинари ќе го следат вториот круг од локалните избори.

Акредитирани се 1622 набљудувачи од кои 957 домашни и 651 меѓународни и 14 странски новинари, соопшти Државната изборна комисија.

Според податоците од веб – страната на ДИК, најмногу домашни набљудувачи има Здружение за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП” – Скопје – 685.

Од меѓународните најмногу има акредитирано ОДИХР – Канцеларија за демократски институции и човекови права – 500 и Aмбасада на САД во Скопје – 30.

Изборите ќе ги следат и 14 странски новинари и тоа од ТВ Клан Косово – 6, ТОП Канал Албанија – 1, ТВ1 Косово – 2, Европска прес агенција 1, ТРТ 2 и РТКосово 2.