Утрово најстудено е во Берово каде се измерени измерени -4 степени.
Следуваат: 0 степени во Крива Паланка, Струмица, Маврови Анови, 1 Скопје–Петровец, Демир Капија, 2 Прилеп, Битола, Тетово, Крушево, Претор, 3 Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, 4 Велес, 9 Гевгелија.
Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.