Намален кредитниот рејтинг на Град Скопје од стабилен во негативен

Намалн е кредитниот рејтинг на Град Скопје. Глобалната рејтинг „Стандард и Пурс“ го ревидираше кредитниот рејтинг на Градот од ББ со стабилен изглед во ББ со негативен изглед.

Како што се вели во образложението од агенцијата, кредитниот рејтин е ревидиран бидејќи ‘постојат ризици да моментално ниските нивоа на готовина во Град Скопје нема да закрепнат без да се продолжи со аулирање на доспеаните обврски‘.

Со доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска финансиската состојба на Градот е влошена. Во мај годинава беше блокирана сметката на Град Скопје. Буџетската сметка преку која се вршат сите плаќања кон доверители, се делат плати на вработени, се префрлаат пари за субвенции на јавните претпријатија беше блокирана поради долг на Градот. Поради лошата финансиска состојба долгот не можеше вед да се наплати па затоа сметката беше блокирана.