Не фрлајте ги искористените кесички со чај

Секој знае дека кесичките чај како парчиња краставица се ставаат под очите за да се намали отокот, но дали знаевте дека можете да ги користите за чистење или ублажување на изгорениците? Еве зошто не треба да ги фрлате искористените кесички чај и за што можете повторно да ги искористите сите.

  1. Заштитете ги вашите омилени јадења од ‘рѓа

Танините се антиоксиданси кои најмногу ги има во црниот чај, а одлични се и за борба против ‘рѓата на садовите: по миењето садови едноставно премачкајте ги со искористена кесичка црн чај и ќе му обезбедите подолг животен век.

  1. Отстранете ги непријатните мириси од фрижидерот

Ставете отворен сад со искористени кесички чај во фрижидер за да ги отстраните непријатните мириси.

  1. Отстранете ги мрсните дамки од садовите

Ставете неколку искористени кесички чај во топла вода и потопете ги мрсните садови во неа, околу пет до десет минути и ќе се ослободите од тврдоглавите масни дамки.

  1. Смирете ја кожата по убод или изгореница

Танините присутни во чајот имаат моќ да ја регенерираат кожата и да ги ублажат реакциите на површината на кожата по убоди од разни инсекти и изгореници од сонце. Едноставно притиснете ги кесичките на кожата и оставете ги неколку минути.

  1. Отстранете ги мирисите на храната од кожата

Некои намирници, како што се лукот и кромидот или рибата, оставаат непријатен мирис на прстите кој тешко се измива, но може да се отстрани со триење на кожата со искористени кесички чај.

  1. Подобрете го вкусот на маринадата

Во виното додадете искористена кесичка чај за маринирање на живина или црвено месо, советува Вечерњи лист.