Несреќа во автобус на ЈСП: 85-годишен маж паднал и се здобил со тешка повреда

На 13.11.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, В.П. – возач на автобус во ЈСП Скопје, пријави дека на подрачјето на Центар, при затворање на вратите на автобусот, Р.У.(85) од Скопје кој влегувал во автобусот, паднал на коловозот и се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Се работи на расчистување на случајот.