„Ни го претвори животот во пекол, грозен човек“: Бред Пит јавно го „урна“ синот – со сурови зборови се обрати!

Синот на Бред Пит и Анџелина Џоли упати низа навреди кон познатиот актер.

Откако ќерката на славниот пар, Захра се откажа од презимето на познатиот актер, светските портали повторно брмчат за Бред Пит и Анџелина Џоли. Светскиот ден на таткото еднаш тргна наопаку во семејството на поранешните сопружници.

Странските медиуми не престануваат да зборуваат за нивниот син Пакс кој во честитка по повод споменатиот датум сурово го навреди Бред Пит на Инстаграм. Пакс го нарече својот татко „првокласен с*ч“ поради што неговите четири најмали деца треперат од страв пред него.

„Ги направивте животите на најблиските до мене постојан пекол“, започна Пакс на Инстаграм на Денот на таткото 2020 година, пишува Дејли Мејл.

„Никогаш нема да бидеш свесен за штетата што си ја нанел на татко ти затоа што не си способен за тоа. На светот можеш да му кажеш што сакаш, но вистината ќе излезе на виделина. Среќен ден на таткото, ужасно човечко суштество“. се читаше.

Да потсетиме, Пакс е посвоен син на позната актерка, а во нивното семејство дошол од Виетнам во 2007 година. Бред формално го препозна следната година.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното