Нова надлежност за ЦУК: Потраги и спасување при авионски несреќи

Од 1 февруари, Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство ќе биде под надлежност на ЦУК

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), г. Али Мухамед, и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), г. Драги Стојаноски, денес потпишаа Договор за деловно-финансиска соработка меѓу двете институции.

Како резултат на договорот, ЦУК ја презема обврската за формирање на Координативен центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство.

Со овој договор се уредува меѓусебната соработка во делот на потрагата и спасувањето во областа на цивилното воздухопловство, преку размена на информации, координација, финансиска и логистичка поддршка. Целта на договорот е унапредување на безбедноста и ефикасноста при спроведување на активности за потрага и спасување.

Потпишувањето на овој документ претставува потврда за континуираната заложба на двете институции за подобрување на системот за управување со кризи и воздухопловна безбедност во Република Северна Македонија.