Нова преписка во судот меѓу одбраната и случајот „ТНТ“

Нова преписка меѓу судот и одбраната за предметот ТНТ.  Адвокатот Страшевски обвинува дека Претседателот на кривичниот суд и наложил на поротничката да продолжи да доаѓа на судењето иако таа понудила оставка. Од судот пак велат дека таа само се пожалила на заканите за напуштање на функцијата ама се согласила да остане на поротничката позиција.

И денеска продолжи преписката меѓу судот и одбраната за случајот ТНТ. Адвокатот Јовица Страшевски преку писмено соопштение информира дека поротничката чиј мандат е завршен вчера поднела оставка во кривичниот суд но претседателот Иван Џолев и наложил дека мора да присуствува на рочиштата за уривањето на „Космос“.

„И покрај тоа што поранешната судија-поротник Лидија Ивановска Кочовска, оставката и официјално ја доставила до архивата на ОСновниот кривичен суд, по налог на Претседатело на судот, истата не била прифатена и била итно повикана кај него со цел да се изврши притисок да мора да присуствува на рочиштата кои се закажани особено за предметот ТНТ“, пишува адвокатот Страшевски.

Од кривичен потврдуваат дека портоничката имала средба со претседателот на судот, но според писменото соопштение, се жалела на заканите со кои се барало повеќе да не доаѓа на судењата.

„Откако е посочено дека судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија-поротник и доколку е неопходно институциите може на секој судија и судија-поротник да му овозможат и обезбедување, поротникот се согласи да продолжи да постапува се до евентуално разрешување од Судскиот совет“, информираат од Кривичниот суд.

Инаку судењето за ТНТ е закажано за во понеделник или четири дена пред првично утврдениот термин на 17 јануари. Адвокатот Страшевски го информирал судот дека во тој период ќе користи годишен одмор. Судењето за ТНТ е во завршница, па судот закажа дополнителни термини за предметот и ќе се суди секој ден од 13-ти до 27 јануари, за тогаш пак Судскиот совет најави дека ќе констарира истек на мандатот на поротничката.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното