Поврзи се

4NEWS.mk

Нови мерки во Грција – задолжителнa маска во затворени простори, ограничувања за свадби и ноќни клубови

Published

on

Поради зголемениот број нови случаи на Ковид-19 и поради појавите на опуштеност и непочитување на превентивните мерки, грчката Влада, презема дополнителни мерки, како што се задолжително носење маска во затворени простори, забрана за посети во Домови за стари лица и болници, дозволени најмногу 100 лица на свадби, крштенки и погреби, забрана за одржување панаѓури, забрана за стоење во ноќните клубови.

-Текстот продолжува по рекламата-

Кусо откако Националната организација за јавно здравје попладнево соопшти 78 нови случаи на Ковид-19, највисока бројка во изминатиот период, заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, ги соопшти новите, дополнителни мерки.

-Во изминатите денови се забележува опуштеност во однос на почитувањето на мерките и појави на собирања и гужви кои се отсликуваат во порастот на случаите. Само денеска имаме 78 нови случаи и затоа е неопходно да се преземат дополнителни мерки, рече Хардаљас.

Поконкретно, од утре до 31 август во сила се: задолжително носење маска во сите затворени простори, вклучувајќи ги и црквите; забрана за организирање на традиционалните фестивали со жива музика т.н. панаѓури; продолжување на мерките за одржување растојание на плажите; продолжување на превентивните мерки кои важат за приватните јахти и туристичките бродови.

Во однос на маските, постои силна препорака, до 15 август, да се користи и на отворен простор доколку е невозможно одржувањето растојание.

До 15 август се откажуваат сите посети во центрите за нега на стари лица, како што се старечките домови, во центрите за бездомници и бегалци, како и во болниците.

Од понеделник до 15 август на свадбите, крштевките и погребите дозволено е присуство на најмногу 100 лица со почитување на веќе постоечките здравствени протоколи.

Ова мерка веројатно доаѓа по информациите дека дел од новите случаи во Грција, регистрирани во изминатите денови се кај гости на свадби.

Епидемиолозите во Грција, во изминатиот период изразуваа особена загриженост за ситуацијата во ноќните клубови, во баровите и слично, каде што на забавите не се почитуваа мерките за одржување растојание, па така, од понеделник, до следната недела 9 август, забрането е стоење во кафулињата и ноќните клубови.

Меѓу мерките кои што денеска ги соопшти Хардаљас е и продолжувањето на прекинот на авионските и морските поврзувања на Грција со Северна Македонија, Албанија и Турција, до 15 август 2020 година, како и одлуката што се однесува на копнените граници.

За влез преку Промахонас (Кулата) задолжителен е негативен тест направен 72 часа пред патувањето, а истото важи за оние кои авионски пристигнуваат во Грција од Бугарија, Романија и Обединетите Арапски Емирати.

Извор: Сител телевизија

Loading...
Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

Реакција на генералниот секретар на Илинденскиот марш за инцидентот кај Гумење

Македонија

СДСМ-ДУИ, прва опција за нова Влада!? Божиновски: Проширена коалиција меѓу сите политички субјекти

Македонија

Учениците од септември се враќаат во клупите, со маски на лицата и социјална дистанца, часот ќе трае 20 минути

Македонија

Ќе заѕвони ли училишното ѕвонче? Неделков од СОНК: Вирусот е како атомска бомба за училиштето

Македонија

Акција на ИНТЕРПОЛ: Обид за внес на отровна храна во Македонија – запленето пилешко месо со птичји грип

Македонија

Владата објави нов, ажуриран список на компании кои добиле помош, а не ја исплатиле на работниците

Македонија

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ да молчат за енергетиката, во нивно време струјата поскапе 100% и беше укината евтината тарифа

Македонија

Кадриу: „Премиерот нѐ нарече криминалци“ – Спасовски ги отфрли тврдењата на обвинителката

Македонија

Се заострува „битката“ за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски се извини за политиките на дел од претходното раководство

Македонија

Полицијата во Синичане по изјавата на Џемаили – Агим Нухиу открива што изјавил градоначалникот на Боговиње во полиција

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри