Во Нов Зеланд заврши снимањето на првата сезона од серијата „Господар на прстените“, кој е најскап проект во историјата на телевизијата.
Првата епизода ќе биде емитувана на 2 септември 2022 година, а потоа секоја недела ќе има нова епизода, наведуваат светските медиуми.
Првата голема серија на Амазон, која зборува за подемот на големата сила на кралството, ќе биде најскапата во историјата на телевизијата со буџет од 465 милиони долари, оставајќи ги зад себе „Пацифик“ и „Игра на престоли“.
On September 2, 2022, a new journey begins. pic.twitter.com/9tnR7WqDoA
— The Lord of the Rings on Prime (@LOTRonPrime) August 2, 2021