Од среда не очекува нестабилно време со локален дожд и снег

До среда времето во Македонија ќе биде стабилно и студено, особено во утринските часови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури постепено ќе почнат да растат во текот на денот.

Според прогнозата на УХМР, утре попладне на југозапад ќе има појава на слаб и повремен снег. Во среда, најпрво во планинските региони, а потоа и преку ноќта и во четврток, се очекуваат повремени локални врнежи претежно од снег, додека на пониските места ќе има дожд и снег.

Снежната покривка, особено во западниот дел на земјата, ќе се прошири и на повисоките места.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното