Одлична салата, но и одличен лек против кандида

Оваа упорна габичка е чест жител во нашиот организам, тешко се искоренува, а многу често и се повторува по лекувањето, па еве еден рецепт кој може да ви помогне, а освен тоа благотворно делува и на целиот организам.

За овој домашен лек потребни ви се следните состојки:

  • 1 чаша јогурт
  • 2 чешниња лук
  • 1 морков
  • половина лажичка ѓумбир
  • цимет

Упатство за подготовка:

Изрендајте го морковот, лукот и ѓумбирот и сето тоа додадете го во јогуртот, a потоа додадете и цимет.

Сето ова добро измешајте го, оставете го да отстои половина час и јадете го како салата еднаш дневно.Постапката повторувајте ја се додека не го решите проблемот со кандидата, но можете да ја продолжите и по лекувањето.