Започна одбројувањето до доделувањето на најпрестижните награди во филмската индустрија – Оскарите. 96-тата церемонија ќе се одржи во познатиот театар Долби во Лос Анџелес.
Црвениот тепих на кој годинава ќе прошетаат холивудските ѕвезди е најдолгиот и најширокиот досега. Подготовките за церемонијата вклучија илјадници луѓе.
„Оваа година областа на црвениот тепих е потрадиционална. Ни треба една недела подолго да се подготвиме од Греми наградите“, коментира главниот готвач Волфганг Пак.
Оваа година, за прв пат по 15 години, пет претходни добитници на Оскар ќе ги претставуваат номинираните во нивните категории. Ова ќе биде 30-та година по ред како австрискиот готвач Волфганг Пак и неговиот тим ќе услужат речиси 1.600 гости со ѕвездено мени.
„Единствено нешто што се смени во тие 30 години е тоа што мојата коса стана сива“, изјави продуцентот Џо Луис.
Поради големиот проток на луѓе и безбедносните мерки, неколку улици околу театарот Долби се затворени за автомобили. Церемонијата на доделување на Оскарите ќе започне во 19:00 часот во Калифорнија, што е 3 часот по македонско време.