Поврзи се

4NEWS.mk

Откриен изворот на загадување во реката Брегалница

Published

on

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски  објави на социјалните мрежи дека е откриен сторителот на еколошкиот инцидент во реката Брегалница, што се случи попладнево.

-Текстот продолжува по рекламата-

Тој вели дека заедно со претставници на риболовното друштво „Брегалница“ и загрижени граѓани бил на терен и го пронашле изворот на загадувањето во реката Брегалница, како што вели во еден од превозниците во ТИРЗ зоната.

-Повикав надлежен инспектор и крим полиција кои се на лице место. Калкулации не смее да има. Секој мора да ја сноси одговорноста на своите постапки, вели Бочварски.

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули вели дека е  известен  за еколошкиот инцендт кој попладнево се случи во реката Брегалница, откако  од каналот за отпадни води на поранешниот текстилен комбинат Македонка, па се по течинието на Брегалница низ градот Штип е со обоена  густа бела боја, а има и тежок мирис на лак.

Макрадули вели дека разговарал го градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски веднаш по инцидентот и го известил  и Државниот инспекторат за животна средина. Дециден е дека инспекторите мора да постапуваат.

МИА и претходно информиораше дека полицијата беше излезена на терен. Во исто време ќе се проверуваат и еколошките дозволи на фирмите во кругот на Македонка, од каде денеска  истекуваше белата густа течност со тежок мирис на лак.
 
Брегалница првпат не ја менува бојата. Пред две години водата се обои во црна,  сина и црвена боја.  Инспекторите тогаш не открија виновници, утврдија дека се работи за затнување на каналите за отпадна вода, но беа откриени пропусти кај неколку компании што се занимаваат со боење  ткаенини, а се лоцирани во кругот на поранешниот текстилен комбинат Македонка.

Извор: Сител телевизија

Loading...
Совет за етика во медиуми

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри

Македонија

(ВИДЕО) Пенадровски: Да не сум претседател и јас би се иселил од Македонија