Откриена поголема количина на прехранбени производи кај Танушевци – ги забележале полицајците и избегале!

На 25.02.2025 во 14.30 часот во близина на с.Танушевци, скопско, при преземање мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци пресретнале возило комби со косовски национални ознаки, кое се движело кон границата со Kосово.

Притоа, откако ги забележале полициските службеници, две лица го оставиле комбето и побегнале кон границата со Косово.

Додека, при преглед во возилото биле пронајдени 180 пакети со по 11 килограми прехранбени производи, кои биле без соодветна документација. Возилото со производите било одземено и предадено за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното