Во известувањето што им беше испратено на корисниците од Ерсте банка стои дека платниот промет во евра внатре во ЕУ моментално е оневозможен.
„Поради грешка, моментално не функционира платниот систем TARGET во целата Европска унија, преку кој се извршуваат платни трансакции во евра меѓу сите банки во еврозоната. Поради тоа, оневозможени се излезните и влезните трансакции за:
- SEPA национални и прекугранични плаќања во евра
- Итни национални и прекугранични плаќања во евра