Како што објавија корисниците на Фејсбук и Инстаграм во Македонија и регионот, популарните мрежи се прекинати и сите известуваат дека се исфрлени од нивните сметки.
Дефектот бил забележан околу 16 часот и 20 минути. Како што може да се види на сајтот за проверка на работата на социјалните мрежи, проблемот е присутен на глобално ниво.
Downdetector, кој ги следи прекините низ целиот свет, покажува над 90.000 извештаи за прекин на Фејсбук. Инстаграм има над 16.000 извештаи што го прави ова едно од најголемите проблеми за Мета (која ги поседува и двете платформи) во последните години.
Корисниците во Македонија и регионот известуваат дека едноставно се одјавени од нивните сметки и не можат повторно да пристапат до нив.
Мета се уште нема официјално соопштение за новиот проблем.
Не е јасно што ги предизвикува проблемите, но многу корисници на Фејсбук и Инстаграм се упатија кон ривалската социјална страница, Х (поранешен Твитер ) за да го истурат својот гнев.