Доколку патувате од меѓународниот аеродром во Тирана, треба да знаете дека објавено е важно известување за патниците кои треба да патуваат на 15 и 16 мај.
„На 15 и 16 мај Тирана ќе биде домаќин на Самитот на Европската политичка заедница, со учество на лидери од цела Европа. Поради безбедносни мерки и затворање на патишта се очекуваат застои и густ сообраќај. На патниците кои патуваат на овие датуми им се препорачува да планираат однапред и да се пријават на аеродромот најмалку 3 часа пред летот“, стои во известувањето.
Овој аеродром го користат и македонските, косовските и црногорските граѓани.
Само минатата година над 120 илјади македонски државјани пристигнале или отпатувале кон некоја од многубројните дестинации.