Односите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави мора да се подобрат и треба да се отворат нови можности за економска соработка меѓу двете земји, изјави денес Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, во интервју за Си-Ен-Ен.
„Мораме да ги подобриме билатералните односи. Мора да отвориме нови можности за трговска и економска соработка“, рече Песков.
Тој истакна дека односите меѓу двете земји имаат „светла перспектива“, додавајќи дека двете страни „моментално губат време и пари“.