Актерката Лин Марта почина во четвртокот на 79-годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес по битка со ракот, пишува Дејли мејл.
Нејзиниот пријател Крис Сент Клер ја потврди оваа вест за Hollywood Reporter, пренесува Daily Mail.
Марта помина четири децении во шоу-бизнисот, а нејзините најпознати улоги беа во филмовите Footloose и Joe Kid, како и во сериите Love, Starsky and Hutch, Barnaby Jones, FBI…
Таа почина само неколку дена откако нејзината долгогодишна љубов, актерот Дејвид Соул, почина на 4 јануари на 81-годишна возраст.
Таа ја опиша нивната врска со People во 1983 година како „отворена“, бидејќи тој во тоа време беше во брак со актерката Карен Карлсон.