Полицијата откри нелегална плантажа за канабис во Швајцарија – пет лица уапсени, меѓу нив и Македонец

Полицијата откри плантажа со канабис во Швајцарија, пет лица уапсени меѓу кои и еден Македонец.

Вчеравечер во Цирих, Еглизау полицијата ја открила нелегална плантажа за канабис со околу 6000 растенија. Пет лица, кои се сомничат дека се поврзани со работењето на плантажата, биле уапсени.

Полицајците извршиле контрола на плантажата за канабис. Притоа, не пронашле канабис, туку околу 6000 растенија со висока содржина на ТХЦ. Дополнително, полициските екипи откриле и над сто килограми марихуана спремна за продажба.

Уапсени се 26-годишен државјанин на Северна Македонија, 31-годишен Чешки државјанин, како и три жени од Кина на возраст од 26 до 48 години. Тие се осомничени дека се поврзани со работењето на плантажата за канабис и по полициските распити биле предадени на Обвинителството.

Плантажата била демонтирана, растенијата правилно уништени, а марихуаната запленета.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното