Полицијата со солзавец го разби осмомартовскиот марш во Истанбул

Со употребен солзавец турската полиција го растури протестот по повод Меѓународниот ден на жената во Истанбул на кој имаше повеќе од илјада луѓе.

Протестот бил на плоштадот Таксим, а стотици припадници на полицијата на демонстрантите им го блокирале патот за маршот да не продолжи по главната авенија.

Граѓаните носеле транспаренти на кои пишувало „Феминистички револт против насилството на мажите и сиромаштијата“ и „Родена сум слободна и ќе живеам слободно“. Голем број од жените носеа виолетова облека, како симбол на движењето за правата на жените.

Извор: ТВ21