Концептниот уметник Андреј Јосифовски, попознат како Пијанистот, денес постави голем црвен фенер во близина на Мостот на слободата во Нови Сад во спомен на жртвите од уривањето на настрешницата на Железничката станица.
Јосифовски напиша на Инстаграм дека тоа е негов начин да „мапира места на присилна смрт во Србија“, а фенерот е поставен со помош на кран.