Поврзи се

4NEWS.mk

Приближени ставовите на Урвич и Синичане за надминување на проблемот со водоснабдувањето

Published

on

Мештаните од Урвич остварија средба со градоначалникот на општина Боговиње на која се согласија Синичане да користи вода од извор во нивниот атар. Воедно на состанокот, што е резултат на средбата на сите страни вчера во Владата, е договорено во иднина да се работи на одредени инфраструктурни проблеми во Урвич.

-Текстот продолжува по рекламата-

– На состанок дојдовме до некое разбирање, а и преговорите ќе течат понатаму. Важно успешно се разбравме со Синичане, а тоа е дека тие што намислиле да ја земат водата таму во одредено место не е спорно од страна на село Урвич. Ќе може да продолжат и не е спорно, ние сме свесни како населено место Урвич дека секој треба да пие вода, рече по состанокот Хајредин Гафури од Урвич.

Градоначалникот на Боговиње, Албон Џемаили истакна дека по тричасовната средба во Владата како и денешната може да се излезе во престрет на барања за подобра инфраструктура во Урвич.

– Јас мислам дека овие нивни барања може да се реализираат, треба да им се помогне, бараат целосна промена на стариот водовод, За ова треба да бараме средства од Владата, имаат и други четири барања, кои не можат во моментов да се реализираат за да нема недоразбирања. Се работи за големи проекти кои не може да се реализираат без помош од Владата. Во среда средбите во Владата ќе продолжат ќе разговараме, за детали. Јас како градоначалник сметам дека може да се реализираат, само треба добра воља од страна на Владата да помогне со финансиски средства, рече Џемаили.

Што се однесува до изведувањето на градежните работи од изворот Буновец тие нема да продолжат се додека нема гаранција од страна на Владата.

– Жителите ќе седат таму, додека не се оддалечи полицијата, еве денес имавме позитивни разговори, полицијата треба да се оддалечи доколку нема конфликти. И жителите од Синичане имаат свои барања, треба да се стават на маса и тие барања и да видиме што ќе се одлучи. Јас како градоначалник барам да нема лоши интерпретации, јас барав да излеземе на терен, со месните заедници Урвич и Синичане ќе одам на лице место ќе ги видиме изворите од каде треба да се земе вода, жителите на Урвич не се против да се земе вода од нивните извори, за водовод за жителите на Синичане, рече градоначалникот Џемаили.

Општината, претставници на селата Урвич и Синичане како дел од договорот во Владата попладнево треба да одат на местата каде се изворите и да договорат и дефинираат нивно користење.

Барањата на Урвич се да добијат нов водовод до селото поради губење на водата, да добијат дел од системот за наводнување „Шарски води“, да се дефинира користењето на изворите и други  инфраструктурни проекти. За мештаните во Синичане треба да се обезбеди нов систем за водоснабдување поради небезбедна вода за пиење која сега ја користат. Полицијата со недели го обезбедува местото Буновец со цел да не има конфликти меѓу населението. 

Извор: Сител телевизија

Loading...
Совет за етика во медиуми

Македонија

„СДСМ, ДУИ, Беса и ДПА, завршена работа“ – Лала: Ахмети ќе попушти за премиер Албанец

Македонија

Алтернатива бара ДУИ да оди во опозиција – ако сите албански партии влезат во власта, Беса ќе оди во опозиција?!

4NEWS.mk

СДСМ и ДУИ заглавија на премиерската позиција, ВМРО-ДПМНЕ работи на обезбедување мнозинство

Македонија

Членовите на избирачките одбори ќе добијат за сто проценти повисок надоместок, одлучи ДИК

4NEWS.mk

Рудар од Танзанија стана милијардер преку ноќ

Македонија

Учебната година ќе почне на 1-ви септември – Адеми: Владата сака учениците да се вратат во училиште

4NEWS.mk

Настава во училиште од 1-ви септември, со поддршка од родителите и наставниот кадар

4NEWS.mk

Утре Комисијата за заразни болести и МОН ќе прецизираат за учебната година

4NEWS.mk

25 годишник во повеќе наврати силувал 13-годишно девојче

4NEWS.mk

Клековски гостин во вестите: Која коалиција е најизвесна и под кои услови?

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“