За време на денешното обраќање на претседателот Александар Вучиќ од зградата на Претседателството кон народот, неколку стотици демонстранти беа пред зградата и цело време свиркаа додека траеше протестот. Тие побараа од Вучиќ да се повлече од функцијата и да престане да го лаже народот.
-Бараме Вучиќ да биде храбар и да се обрати тука, пред народот, а не да се обраќа само пред оние медиуми кои самиот ги бира. Пред камерите се прави дека е силен, а тука каде што го чекаме го нема никаде – изјавија демонстрантите.
Зградата е под силно полициско обезбедување, а полиција е присутна и низ цел Белград. Во еден момент демонстрантите ја пробија и заштитната ограда, но беа спречени од полицијата да направат поголеми проблеми и да влезат во зградата.
За денеска се најавени нови протести низ главниот град на Србија. Вчера демонстранти упаднаа во зградата на Радио Телевизија Србија и сакаа да се обратат во живо на дневникот.