Протестите „Еден од пет милиони“ вечерва се одржаа во повеќе градови во Србија. Граѓаните излегоа на улиците во Нови Сад, Ниш, Чачак, Врање, Смедерево, Суботица, Панчево…
Повеќе од илјада луѓе се собраа на деветтиот протест „Еден од пет милиони“ во Нови Сад со кој побараа оставка од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерка Ана Брнабиќ, како и градоначалникот на општината.
Студентот Алекса Шорак ги повика граѓаните на 13. април на голем собир во Белград на кој како што беше најавено ќе бидат испратени барања за оставка на фукционерите.