Поврзи се

4NEWS.mk

Прв позитивен тест кај дете од градинка во Скопје

Published

on

Едногодишно дете позитивно на Ковид 19 од скопската градинка 13 Ноември стави во изолација цела група од јасли заедно со негувателката и вопитувачката. Било згрижено во клонот Јасмин во Центар и во детската установа претојувало само еден час на адаптација на 9-ти кога градинките почнаа со работа. Од Министерството за труд и социјална политика велат дека наредните денови детето било дома поради вадење на запчиња. Но вчера попладне, надлежните во установата добиле известување од родителите дека и тие и детето се позитивни на корона вирусот. Согласно протоколите, по денешната епидемиолошка анкета, скопскиот Центар за јавно здравје ги испратил во домашна самоизолација децата од групата а направиле и вонредна дезинфекција на просторијата. За само една недела откако ги отворија вратите за згрижување, веќе има неколку случаи на заразени во градинки. За епидемиолозите ова е очекувана состојба, додека, пак, Владата вчера одлучи да им дозволи на детските установи да примаат повеќе деца. Го изменија Протоколот на Комисијата за заразни болести и наместо максимум 6 деца во јасли, сега ќе има простор за 12.

-Текстот продолжува по рекламата-

-Вака е одлучено бидејќи и согласно Протоколот за згрижување деца имаме простор и капацитет. Конкретно во нашата градинка, од 310 предвидени согласно препораките на Комисијата има само 109. Значи 30 проценти искористеност на капациентот. Имаме објекит каде нема ниту едно дете во јасли. Можности има, вели Надица Гировска, директор на градинка Орце Николов –Карпош.

Од градинката велат дека овој период откако почнаа со работа немаат никакви проблеми и сите ги почитуваат пропишаните протоколи за заштита од корона вирусот.

Loading...

-Немаме никакви проблеми, сите се придржуваат кон мерките а и родителите се навикнаа. Мерење на температура на влез, дезинфекција, повеќе активности надвор и засега се е во ред, вели Гировска.

Освен регистрираниот позитивен случај во 13 Ноември, во останатите градинки како што велат епидемиолозите има случаи кога деца или ги враќаат назад или во соба за изолација поради зголемена температура. Но ниту едно од тие деца немале корона туку останати вирусни заболувања.

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Loading...

Совет за етика во медиуми

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com