Свет
18,410,195
Вкупно активни случаи
Updated on 29/11/2020 15:21 15:21
Македонија
21,519
Вкупно активни случаи
Updated on 29/11/2020 15:21 15:21
Македонија
1,699
Вкупно починати
Updated on 29/11/2020 15:21 15:21
Македонија
37,505
Вкупно оздравени
Updated on 29/11/2020 15:21 15:21

Првичните анализи готови – Имало ли коронавирус во Македонија и пред 26 февруари?

Институтот за јавно здравје не откри Ковид-19 во досега анализираните примероци кои биле негативни на грип.

– Вкупно од одбраните 100 примероци од сезоната 2019/2020 кои биле негативни на инфлуенца кои се тестирани и за коронавирусот, имаат негативни резултати на коронавирусот, велат од министерството за здравство.

loading...

Според официјалната статистика на ИЈЗ за грипот, годинава тестирани се вкупно 776 материјали, а позитивни биле 377. Ако се земат во предвид досега анализираните 100 примероци за Ковид, остануваат уште 300. Засега нема конкретен одговор од здравствените власти дали ќе продолжи истражувањето за да се утврди дали во Македонија имало коронавирус и пред првиот случај на 26 февруари со оглед на високата бројка дури 33.000 болни од грип, 17.000 повеќе од претходната година.

Професорот по микробиологија Никола Пановски се сомнева дека и пред првиот официјален случај увезен од Италија имало коронавирус во Македонија, но не во толку голем број.

-Секако дека и пред 26 февруари имало случај, но корона дека имало масовно во Македонија и на Балканот пред 26 февруари не, многу луѓе се излажаа дека прележале во јануари и сега завршија во болница, изјави за Сител проф.д-р Никола Пановски, професор по микробиологија.

Повеќе држави веќе докажаа дека коронавирусот бил присутен во Европа уште на крајот на минатата година. Италијански и шпански научници откриле траги на корона во отпадните води кои датирале од декември 2019. Многу порано од официјално првите заразени. Истиот период и во Франција кај пациент кој имал пневмонија, лекарите оваа пролет докажаа дека компликациите настанале поради инфекција со Ковид-19.

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

НАШ ПРЕДЛОГ

„Птицата со граната“ на Бенкси продадена за 170.000 евра

Сликата на платно „Птица со граната“ на мистериозниот британски уличен уметник Бенкси е продадена на аукција во Холандија вчера, за 170.000 евра. Како што соопшти...

Никаде без Медо: „Не сакав во дом, ниту да го напуштам кучето. Тој е до мене и е вистински пријател“

Поранешниот професор во училиште во Пула, Хрватска живееше како бездомник. По мозочен удар, тој го одбил понудениот дом затоа што неговото куче...

Мистериозниот монолит среде пустина исчезнал околу десет дена откако бил пронајден

Мистериозен метален монолит пронајден во далечна пустина во западниот дел на САД, што предизвика национална дебата за тоа како стигнал таму, наводно исчезна, соопштија...
Skopje
few clouds
8 ° C
8 °
8 °
52 %
0.5kmh
20 %
Sun
8 °
Mon
6 °
Tue
4 °
Wed
7 °
Thu
9 °