Публиката ја исвирка Цеца на настап во Велес поради прегрнување и бакнување на бугарско знаме!

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ одржа концерт во Велес, на кој беше исвиркана од публиката.

Публиката беше потикната и разгневена поради прегнувањето и бакнувањето на знаме на соседна Бугарија.

Според видеата може да се забележи дека Цеца го стави на себе бугарското знаме, по што нејзиниот колега на бината веројатно и посочи дека се работи за туѓо знаме и истото веднаш беше тргнато, но публиката не прекина со извикување „УА“ и свирење.

Цеца очигледно заборавила на овие настани, па откако го покажа бугарското знаме, обожавателите ја избркаа и ја исвиркаа, поради што го заврши концертот.

Таа збунето реагираше на незадоволството и викањето на публиката, на што само рече:

„Добро, мислев дека има љубов меѓу сите, ајде да продолжиме“