Без никаков напредок заврши последната рудна разговори на работните групи за измените во законот за јавното обвинителство. По нешто повеќе од еден час разговори, министерката за правда соопшти дека по преземањето на предметите на СЈО од страна на обвинителот Јовески, на власта веќе не и се брза. Рече дека во наредните денови, очекува да помине шокот во ВМРО-ДПМНЕ па повторно да седнат на заедничка маса
За опозицијата префрлањето на предметите на СЈО кај Јовески и Рускоска е координиран план на власта за да продолжи политичкиот прогон врз опозицијата.
Од таму додаваат дека владата и обвинителството ќе направат се за да го задржат предметот Рекет во тесен круг на обвинители како не би дозволиле независни органи детално да го истражат случајот и да ја откријат вмешаноста на владата и повеќе пратеници од СДСМ во криминалот. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека и натаму остануваат посветени на изнаоѓање решение за законот за јавното обвинителство
Судбината на законот за ЈО веројатно ќе се решава на лидерска средба која според партиски извори треба да се одржи на почетокот на идната недела.