Тлото во Албанија не мирува, попладнево земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер го погоди Драч. Ова е еден од појаките од серијата земјотреси. Од овој потрес не се регистрирани жртви. Од тектонските поместувања во текот на денот оштетена е болницата во Драч. Илјадници граѓаните од овој регион престојуваат надвор, во капмови и шатори. Завчерашниот катастрофален земјотрес однесе околу 50 животи. Спасувачката акција запре. Последна надеж има за неколку члено семејство од Драч каде тимовите се уште пребаруваат под разурнатата зграда.
Сите сили се вклучени во расчистување на последиците од земјотресот. Неизвесно е уште колку долго луѓето ќе останат под ведро небо.
Помошта пристигнува од сите страни. Стотици волонтери на Црвениот крст постојано им помагаат на жителите кои се сместени во камповите. Повеќе не се потребни храна, вода, козметика и душеци. Залиха има доволно за следниот период. Црвениот крст на Македонија до сега преку телефонски донации собрале окол 40 000 евра стопанската комора на северозападна македонија 100 000 евра.
Политичари, бизнисмени, уметници , спортисти дадоа личен пример и ги повикаа сите граѓани и компании кои се во можност да донираат парични средства.
Владата веќе испрати првична помош од 100 000 евра а градот Скопје 3 милиони денари. Во спасувачките тимови се и македонски пожарникари и припадници на ДЗС.