Развиен „оригами робот“ за лекување болести

Јапонските научници, инспирирани од уметноста на виткање хартија „оригами“, развија робот кој ќе лекува болести во човечкото тело.

Роботот, кој работи со движење во внатрешноста на човечкото тело, може во секое време да ја промени формата, да се врти, да се движи во тесен простор и да го промени правецот.

Уредот, познат како „Милибот“ и дејствува преку преземање на енергија од телесните течности, може да го носи лекот што ќе го обезбеди лекувањето и ќе добие податоци за функционирањето во проблематичната област.

Роботот може да помине растојание до 10 пати повеќе од неговата должина со еден скок.

Научниците се надеваат дека предметниот робот ќе направи револуција во медицината.

Др. Руике Жао истакна дека овој амфибиски уред е најмоќниот и најфункционалниот робот што некогаш го развиле.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното