Телата на рударите Славиша Жугиќ (44) од Милиќ и Бранислав Остојиќ (30) од Зворник се извлечени од подземниот коп на рудникот во Сребреница. Врз нив, според првичните проценки се урнале над 50 кубни метри земја.
Се работи за квалификувани и искусни рудари.
Несреќата се случила околу 10 часот кога врз рударите се урнал кровниот дел од подготвителниот ходник.
Веднаш по несреќата увид извршиле републички рударски и геолошки инспектори кои се очекува да дадат соодветни изјави, а натамошната истрага ќе покаже дали имало одредени пропусти кои придонеле да дојде до несреќа.
Обдукцијата ќе ја утврди точната причина за смртта.