Русија гради орбитално соѕвездие: Планираат да лансираат 123 сателити

Русија до крајот на годината ќе лансира повеќе од 100 вселенски летала за да создаде орбитално соѕвездие, т.е. сателитска мрежа во орбитата. Ова вчера го соопшти Денис Мантуров, вицепремиер на Русија, а пренесува Тасс.

– Повеќе од 20 вселенски летала се веќе лансирани за домашното орбитално соѕвездие во 2024. Планирано е да бидат лансирани повеќе од 100 вселенски летала до крајот на годината. Всушност, очекуваме оваа година да лансираме вкупно 123 сателити, од кои 70 ќе бидат мали – рече Мантуров.

Тој додаде дека „орбиталното соѕвездие“ ќе има повеќе од 240 вселенски летала.

Русија претходно најави дека планира да изгради сателитска мрежа за Интернет и во ниска орбита.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното