Се планираат нови отпуштања, бројот на невработени во Германија се искачи на 2,88 милиони!

Германските компании се уште планираат да отпуштаат работници.

Ова е заклучокот од извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за февруари.

Ситуацијата на германскиот пазар на труд се уште е тензична, делумно поради структурните промени во економијата, коментира менаџерот за истражување на ИФО, Клаус Волрабе.

Тенденцијата за намалување на бројот на работни места е повеќе или помалку присутна во сите сектори на германската економија, како во производството, така и во услугите, трговијата и градежништвото, се наведува на веб-страницата на Институтот во Минхен.

Сезонски приспособената стапка на невработеност во Германија благо порасна во јануари од 6,1 отсто во декември на 6,2 отсто, бидејќи слабоста на најголемата европска економија полека го зема својот данок на пазарот на трудот, објавија медиумите претходно.

Германската сојузна агенција за вработување објави дека според сезонски прилагодените податоци, бројот на невработени во јануари пораснал за 11.000 на 2,88 милиони.

Поради слабата економска перспектива, бројот на невработени во Германија се очекува да продолжи да расте оваа година и наскоро да надмине три милиони за прв пат по десет години.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното