Силни врнежи попладнево ги поплавија улиците во Риека, а водата влезе и во некои деловни простории. Автобус исто така беше поплавен, пренесуваат локалните медиуми.
Хрватскиот метеоролошки институт (RHMZ/DHMZ) претходно предупреди дека во делови од Истра и Кварнер се очекуваат над 100 литри дожд по квадратен метар за еден ден. Поради тоа, за повеќе жупании беше издаден црвен метео-аларм.
„Во овој момент DHMZ издаде највисоко ниво на предупредување за многу опасни временски услови, особено поради големите количини на врнежи, за целото јадранско подрачје. Фокусот е на крајбрежјето, каде се очекуваат и над 100 литри дожд“, соопшти институцијата.
За утре, само регионот на Дубровник останува под црвен метео-аларм, при што не се исклучува можност за појава на вихрови и локален град.
Дополнително, метеоролозите предупредуваат дека временските услови може да предизвикаат проблеми во сообраќајот, како на копно, така и на море.