Компанијата „Дизни“ го прикажа филмот „Црна вдовица“ на својата струм платформа „Дизни Плус“ во исто време кога започна да се прикажува и во кината, а со тоа си заработи и тужба.
Имено, познатата актерка Скарлет Јохансон поднесе тужба до Врховниот суд во Лос Анџелес против „Дизни“ поради прекршување на договорот.
Во тужбата се наведува дека Јохансон се договорила со компанијата дека нејзиниот хонорар во голема мера ќе зависи од приходите што ги има филмот.
Таа вели дека компанијата „Марвел”, во сопственост на Дизни, ветила дека долгоочекуваниот суперхеројски филм ќе има кинопремиера, па ќе следи временска рамка пред тој да се емитува на стрим-платформата.
Инаку, филмот „Црна вдовица” е своевидна „Марвелова” верзија на филмовите за Џејсон Борн. Заработи 218 милиони долари во првиот свој викенд овој месец.
Според „Дизни”, нема причини за тужба, којашто ја оцени како „особено тажна и вознемирувачка поради негрижното занемарување на страшните и долготрајни ефекти на пандемијата на светско ниво”. Во соопштението се посочува и дека „Дизни” целосно го почитува договорот со Скарлет Јохансон и оти „згора на тоа, објавувањето на ‘Црна вдовица’ на платформата ‘Дизни плус’ значително ќе ги подобри можностите глумицата да заработи дополнителен надомест, по 20-те милиони долари што таа ги доби досега”.